МАКЕДОНИЈА

Водостоите на дел од реките под просекот за август

Под просекот за август се водостоите на реките Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце и Катлановска бања, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Со повисок водостој во однос на августоскиот просек се Струмица кај Сушево, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани…

Водостојот на Вардар кај Јегуновце, во Скопје кај Железнички мост и во Велес е намален во однос на вчера, а бележи зголемување само кај Демир Капија, но на сите мерни места е над просекот за август.

Според УХМР, водостостојот на Дојранското  и на Преспанското Езеро, како и во изминатите денови, се минимално поголемени споредено со просекот за август, а нивото на Охридското Езеро е под августосвкиот просек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button