ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хасани: Вакцината не познава националност и патриотизам

Заменик министерот за здравство, Илир Хасани, на прашањето дали е разочарувачки за Албанците што пристигнаа првите вакцини во земјава од Србија, одговори дека вакцините немаат националност и не го гледа разочарувачки за Албанците фактот што првите вакцини во земјава пристигнаа од Србија. Тој дури потсети дека покрај добрата волја на соседната држава, процедурите и дозволите треба да се донесат и од компанијата што ги произведува вакцините.

„Не мислам дека е апсолутно разочарувачки. Ние, како Влада на Република Северна Македонија, започнавме преговори со многу земји за ваков вид донации пред 2-3 месеци. Тоа значи дека започнавме од Полска, од Грција и ова во некоја форма е промовирано и објавено, бидејќи навистина ни треба помош од соседните земји. Дури и во соседната држава, Република Бугарија, беше одобрено во Собранието дека откако ќе пристигнат првите дози на вакцината, тие ќе ни дадат одреден број за да ја покажеме блискоста, соседството и љубезноста на соседната држава. Меѓу првите на помош на Република Северна Македонија беше Република Србија. Вакцината нема националност, нема патриотизам, таа е производ на Америка, која преку Србија дојде до Република Северна Македонија“, рече Хасани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button