Османи од Белград ветува отворање на граничниот премин Лојане – Миратовци
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2021/02/vucic-osmani-780x470.jpg)
Уште едно ветување за отворање на граничниот премин Лојане – Миратовци, кој и покрај билатералниот договор, никако да стане реалност. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој престојува во Белград, рече дека за ова прашање добил гаранции од врвот на српската држава.
„…Добив гаранција дека ќе продолжи со интензивната работа, со цел да започне да функционира, да им овозможи на локалното население да комуницира, но и да биде алтернативна можност за преминот Табановце -Прешево. Ова прашање го отворив и со претседателот Вучиќ, од кого добив гаранција дека во следниот период ќе се работи за ова да се реализира“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи
Но, пред неколку дена, за време на испораката на вакцините на Табановце, Вучиќ рече дека и покрај интересот на жителите Албанци и на премиерот Заев, отворањето на овој граничен премин ќе ја чини Србија пари.
„Зборував за ова прашање, Зоран покажа интерес, секако граѓаните Албанци од двете страни на границата, од Лојане и Миратовци се заинтересирани за ова прашање. Ние правиме се да ја отвориме границата таму. Ова не е едноставно и лесно за нас, не за политички прашања, туку затоа што луѓето што работат таму треба да се плаќаат секој ден, гледаме да ги намалиме трошоците, но не грижете се, и таа работа ќе ја завршиме“,рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Отворањето на овој граничен премин се ветува веќе две децении. Договорот меѓу двете земји исто така е ратификуван од парламентите на двете земји, но границата останува затворена, додека граѓаните сè уште минуваат километри за да ги посетат своите семејства во Србија.
Анеса Салиху