СВЕТ

Хеликоптер со 16 патници се урна на Камчатка, повеќе лица загинаа

Повеќе лица загинаа при тешко слетување на хеликоптер на Далечниот Исток на Русија, во Камчатка, јави Тасс повикувајќи се на извор од итни спасувачки служби, пренесе ДПА.

„Според прелиминарните податоци, при тешкото слетување на хеликоптерот, осум лица загинаа, а останатите осум се спасени. Хеликоптерот потона“, соопшти Тасс рано утринава, повикувајќи се на изворот.

Руската агенција подоцна ја цитираше Марина Волкова, заменик-министер за здравство на Камчатка, дека девет лица преживеале. Се верува дека во хеликоптерот „ми-8“ имало 13 туристи и тројца членови на екипажот.

„Се истражуваат информациите за останатите туристи и членови на екипажот“, кажа Волкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button