ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Состојбата во државава моментално стабилна, деновиве состанок со Комисијата за евентуални мерки, најави Филипче

Моменталната состојба во земјата е стабилна и нема зголемување на бројот на прегледи во болниците коишто се во врска со корона вирусот, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, до крајот на неделава се очекува средба на Комисијата за заштита од заразни болести на која уште еднаш ќе биде разгледано дали по откривањето на неколкуте случаи со индискиот, делта сој во земјава би можело да се размислува за воведување на евентуални рестриктивни мерки.

„Ова е ситуација којашто ни укажува и ни покажува колку е битно граѓаните да се вакцинираат. Вакцината штити од тешка форма на болеста и од смрт. Било која од вакцините коишто ги имаме во нашата земја“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button