СПОРТФУДБАЛ

Хендерсон нема да биде дел од Англија за “ЕВРО 2024”

Џордан Хендерсон нема да биде дел списокот на играчи на Герет Саутгејт на кои селекторот на Англија има намера да се потпре за ЕВРО 2024. Ова го соопштија „Скај Cпортс“ и „Атлетик“, неколку часа пред Саутгејт официјално да ги објави имињата на неговите избраници. Медиумите на Островот очекуваат селекторот да објави 33 играчи, а на 7 јуни групата треба да се намали на 26 играчи.

Advertisements

Хендерсон (33) има 81 натпревар и е редовен во последните шест големи шампионати за Англија. Тој важеше за еден од омилените фудбалери на Саутгејт. Пред една година поранешниот капитен на Ливерпул го напушти „Енфилд“ за да му се приклучи на Ал-Етифак од Саудиска Арабија.

Сепак, Саутгејт продолжи да го повикува во националниот тим, а во неколку наврати навивачите на „трите лава“ го исвиркуваа играчот од средниот ред на домашните натпревари на тимот. Во јануари Хендерсон се пресели во Ајакс и Саутгејт дури го гледаше како игра во живо во холандскиот тим. Сепак, сега се чини дека ова ќе биде крај на кариерата на Хендерсон во репрезентацијата.

Според „Скај Спортс“, левиот бек на Челси, Бен Чилвел, исто така нема да биде во тимот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button