
Германскиот тим Херта Берлин донесе одлука да ги откаже следните три натпревари во Бундеслигата, откако беше тешко погоден од пандемијата со „ковид 19“. Првично позитивен излезе тренерот Пал Дардаи и неговиот помошник, Адмир Хамзагиќ, а подоцна вирусот се прошири кај фудбалерите, па целиот тим е во карантин. Херта го одложи натпреварот со Мајнц, кој требаше да се одигра утре, како и натпреварите со Фрајбург и Шалке, за кои се очекува нови термини од челниците на Бундеслигата. Да потсетиме, Херта Берлин се бори за опстанок во Бундеслигата и во моментов е на 15 – то место со 26 бода.