ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хоџа: И покрај тешкотиите, земјоделството функционира дури и во време на пандемија

Министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, зборуваше за функционирањето на земјоделството за време на пандемијата. Во оваа пригода, Хоџа рече дека пандемијата уште еднаш докажала дека земјоделството е еден од столбовите на општеството, затоа што, како што вели, тој сектор ја обезбедува хранта.

„Општо, како што споменавте, прашањето за пандемијата „Ковид-19“ е прашање што го зафати целиот државен систем, вклучително и начинот на живот. И во целиот овој тежок дел низ кој поминува целиот свет, докажано е дека земјоделството е еден од главните сектори кои обезбедуваат храна и покрај тешкотиите што беа во земјоделскиот сектор, прашањето за производите, прашањето за продажба не запре. Ако го погледнеме според бројките, веројатно не е толку оштетено затоа што имало продажба, таа функционирала во некоја форма како сектор или како индустрија“, рече министерот Хоџа.

Сепак, според Хоџа, малите потешкотии влијаеле на одредени култури или одредени производи, има зголемување на додатоци или резерви, што го усложнува планирањето на следните години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button