Аеродром е општина со најголем број заразени лица во главниот град
На прв поглед изгледа како обичен ден на едно од најфреквентните места во Скопје. Но, здравствените власти велат дека Општина Аеродром е епицентар на корона вирусот не само во главниот град, туку и во целата земја. Граѓаните брзаат да ги извршат своите обврски, и не држат растојание. Повеќето од нив носат маски и на отворено, но некои не ги почитуваат овие препораки.
Други велат дека маските се носат од страв од казни од полицијата, а не поради свест за да се заштитат себе си и јавното здравје.
На графиконот од минатиот месец се нагласува Аеродром каде бројките се зголемија за осум пати, од 84 случаи на 18 септември до вчера бројот на заразени достигна 631 позитивен пациент со Ковид -19. Следува општина Карпош со 511 заразени, кои пред 1 месец имаше само 73 позитивни пациенти. Центар со 484 пациенти има шест пати повеќе од првичните бројки од пред еден месец, кога имаше 76 позитивни од ковид. Со трицифрен број на заболени се и општините Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Чет 22.10 Чет.15.10 Чет. 08.09. Чет. 01.10. Чет. 25.09. Чет. 18.09
Аеродром 631 456 257 141 93 84
Карпош 511 392 242 111 71 73
Центар 484 394 265 127 89 76
Гази Баба 379 221 147 100 74 73
Кисела Вода 366 268 157 95 64 55
Ѓорче Петров 255 188 118 59 36 28
Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е над 25 илјади, од кои само во Скопје се регистрирани над 10 илјади позитивни случаи. Во моментов активни се над 6 илјади случаи, од кои над 3 илјади активни случаи само во Скопје. Главниот град е исто така на врвот на листата по бројот на пациенти излекувани од вирусот.
Аднан Ќаили