ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Хоџа: Правата на етничките заедници да произлегуваат од бројот на државјани наместо според резидентното наеление

Објавувањето на резултатите од пописот отвора дебата која бара длабинска анализа, рече на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата БЕСА, Аријанит Хоџа. Како што кажа тој, ставот на партијата е дека правата на етничките заедници треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентно население.
„Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните, законско уставни права на етничките заедници, во случајот на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители“, рече Хоџа.