ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хоџа: Предвремени избори за испраќање на ДУИ во опозиција

Генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа денеска изјави дека пописот треба да остане само статистички процес и дека правата на етничките заедници, поточно на Албанците треба да произлегуваат од вкупниот број на жители, а не од бројот на жители во државата.

Хоџа додаде дека државата треба да оди на предвремени избори, а владејачката албанска партија ДУИ да оди во опозиција.

„Колку подолго ДУИ ги води државните институции, толку повеќе Албанци ќе ја напуштат државата, овој процес на напуштање на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови и економска благосостојба и со заминување на ДУИ од власт. Сервилноста на ДУИ кон Македонците сериозно ја нарушува иднината на Албанците, затоа државата мора да оди на предвремени избори, а ДУИ во опозиција“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button