СВЕТ

Холандија ги ублажува мерките, но воведува ковид-пропусница

Холандската влада најави ублажување на рестрикциите поврзани со пандемијата на коронавирусот, меѓу кои и укинување на физичкото дистанцирање, но се воведува ковид-пропусница за влез во ресторани, барови и на фестивали.

Премиерот Марк Руте соопшти дека од 25 септември за сите граѓани постари од 13 години ќе биде потребна пропусница која подразбира доказ за вакцинација, за прележан ковид или негативен тест.

Носењето маска останува задолжително во јавниот сообраќај и на аеродромите, но не и во возовите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button