СПОРТ
Холандската репрезентација го официјализираше Луис ван Гал како селектор

Легендата на холандскиот фудбал потпиша едногодишен договор со Холандија. „Луис ван Гал е официјално селектор. Тој веднаш ќе започне со работа како селектор на Холандија. „Постигнавме договор до Светското првенство во 2022 година“, се вели во соопштението на Холандската Федерација. „Чест ми е да ја водам репрезентацијата на Холандија. Има време за квалификациите кои ќе бидат важни за учество на Светското првенство. Разговарав со голем број играчи и персонал со кои сме заедно“. рече меѓу другото Луис Ван Гал. Да потсетиме, ова е трет пат Ван Гал да седне на клупата на „Лалињата“, додека во второто искуство ја предводеше Холандија до полуфиналето на Светското првенство во 2014 година.