ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Холандскиот амбасадор: Не драматизирајте со Бугарија, решете ја корупцијата

Прашањето повеќе не е дали Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, туку кога тоа ќе се случи и дотогаш Холандија ќе продолжи критички да ги следи неопходните реформи, вели амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, во интервју за сакамдакажам.мк.

За сеприсутната корупција кај нас, тој вели дека е состојба на умот, од корупцијата во јавните набавки, кронизмот и непотизмот на највисоко ниво, кај градоначалниците, судиите, па сè до луѓето кои се подготвени да платат поткуп, оние кои носат шише виски кога одат на преглед кај доктор и оние кои во март носат подароци за учителките на своите деца.

„…тажно е дека дури и директорите на националните паркови се политички назначени. Мое силно уверување е дека луѓето не треба да се вработуваат заради политички баланс, туку врз основа на заслуги, отчетност и професионалност, вели амбасадорот Дирк Јан Коп.

Запрашан за блокадата од Бугарија холандскиот дипломат вели:

Бугарија сакаше во преговарачката рамка да се додадат прашања од билатерална природа, на кои, според останатите земји членки, таму не им е местото. Бугарија во ова е сама. Исто така, треба да се запомни дека многу други држави мораа да решат тешки билатерални прашања пред да станат членки на ЕУ. Во меѓувреме, сето ова не треба да се драматизира на начин на кој се чини дека се прави во моментов. Поминувањето низ 35-те преговарачки поглавја со ЕУ во наредните години значи дека на патот пред вас има многу семафори и на секој од нив треба да се запали зеленото светло. Мојата порака би била да не се придава премногу значење на секој поединечен семафор, туку да се продолжи со реформите.

Целото интервју на: сакамдакажам.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button