ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Хотелиерите незадоволни од државните 1.250 ваучери: „Тоа се 250.000 евра, тоа е ништо!“

Бројката од 1.250 ваучери за туризам кои државата ова лето планира да ги подели на семејства со ниски примања до вкупно 30.000 денари месечно се малку и нема да му помогнат на туристичкиот сектор, велат хотелиерите во охридско-струшкиот регион. Станува збор за ваучери до редовната годишна програма кои немаат врска со ланската мерка кога Владата подели околу 100 илјади ваучери за туризам, но нив годинава нема да ги има.

„1.200 ваучери за кого попрво?! На охридското крајбрежје имаме 150 хотели. Така да 1.200 луѓе не ни вршат никаква промена после оваа пандемија. Мерките наместо да се зголемуваат, тие се прекинуваат“, вели Муса Рашид-сопственик на хотел.

Од Хотелската асоцијација апелираат Владата и Министерството за економија да ја преиспитаат ваквата одлука и да овозможат повеќе ваучери.

„Не знам на кого прво би се поделиле тие 1250, на која категорија? Нема да биде праведна распределба, ќе има расправии. Ако ги претвориме овие во пари, тоа се 250.000 евра, а 250.000 евра за една цела туристичка сезона не значи ништо“, рече Крсте Блажевски, Претседател на ХОТАМ.

Повеќе ваучери е единствен начин да се спаси туристичката сезона, ако се знае дека Грција веќе се отвори, а постојано се во опција и аранжманите во Албанија и Црна Гора.

„Разбирам да се скрати 20-30%, но вакво кратење?! Би требало оваа година да се барем 60.000 и не по 100 евра, туку по 200 евра, како што е…“, додава Блажевски.

Вредноста на ваучерите кои Министерството за економија планира да ги подели ќе биде 12.000 денари.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button