ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хотелиерите во Охрид и Струга најавуваат поскапи цени за 20%

За најмалку 20% хотелиерите од Охрид и Струга ќе ги зголемат цените на хотелските аранжмани, по најавите на преработувачката индустрија за зголемување на цените на производите и до 50%, до крајот на годинава. Од хотелската асоцијација велат дека сето ова ќе влијае и на резервациите со странски гости за претстојната туристичка сезона.

„Ние ќе треба да ги сведуваме нашите производи кон новите цени на производите кои треба да ги плаќаме. Се надевам дека нема да биде преголем шок бидејќи и ние треба да преживееме и да ги наполниме капацитети кои ги имаме…. Ако сме со подобра цена, ќе имаме исполнетост од 50 соби, а ако имаме поскапа цена која не е конкурентна, можеби ќе имаме исполнетост од 30 или 25 соби“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Хотелиерите велат дека во моментот ги прават последните калкулации. Новите цени веќе им ги најавиле и на странските партнери.

„Не дека има расположение кај нив да се менува цената, но и тие се спремни, доколку покачувањето е минимално и расположливо за двете страни да се реализира“, рече Тоше Чочороски-менаџер на хотел.

Дополнителен проблем за домашниот туризам и за опстанокот на хотелско-угостителските објекти, би биле и најавите за енергетска криза, односно за зголемување на цените на струјата после Нова Година. Тоа велат ќе биде уште еден сериозен удар за нив, па уште отсега бараат државата да им овозможи помош и субвенции.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button