ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цената на струјата „сигурна“ само до Нова Година, после тоа…

Инфлацијата од ден на ден се продлабочува, но владата и натаму смета дека сè уште е рано да се донесат конкретни мерки, со образложение дека на тој начин може да влијаат психолошки негативно. Засега нема замрзнување на цените поради тоа што разликата на крајот ќе треба да се плати од државната каса, вели премиерот Заев.

„Просечното растење на цената на струјата во самите продукти е 5,6 проценти. Некогаш знаеме психолошкиот момент да го наметнеме толку силно кое само по себе ќе предизвика спирала на покачување на цените“, рече премиерот Заев.

Заев напомена дека доколку енергетската криза се продлабочи, дел од граѓаните и компаниите ќе може да добијат помош од државата. Можен е и ребаланс на буџетот.

„Имаме на располагање помеѓу 50 и 150 милиони евра. Тоа се огромни пари. Не верувам дека ќе требаат ни десетинка од тоа или 15-20 проценти да искористиме, но за тоа ќе покаже времето“, додава Заев.

Властите по можеби по десетти пат потенцираа дека цената на струјата за домаќинствата е сигурна до Нова година, потоа никој не се осудува да каже како ќе се движи цената на берзите од јануари. Причина е фактот што во цела Европа има енергетска криза.

„Премногу е рано сега да зборуваме за што ќе биде од први јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента…“, изјави Марко Бислимовски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Поконкретна слика за она што ќе следува регулаторите очекуваат во декември кога МЕПСО и Електро дистрибуција ќе ги распишат и своите тендери за набавка на загуби на струја.

Инаку, денеска владата промовираше дека германска компанија ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка. Според најавите, ветерницата ќе почне со производство на струја за најмалку шест години. Претходно деновиве, експерти во разговор за Алсат ја обвинуваа власта дека недоволно инвестира во нови енергетски капацитети. На владата не ѝ се допадна идејата на економистите да ги зголеми резервите на природен гас. Едно е сигурно следните две до три сметки за струја на компаниите ќе бидат најмалку двојно повисоки. Тоа ќе им го отвори патот евентуално да ги зголемат цените на своите производи.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button