ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Хотелите бараат да се тргне забраната од УНЕСКО за поставување на фотоволтаици

Хотелите на Охридско-струшката ривиера, кои се на помалку од 50 метри од Охридското езеро, пред почетокот на зимската сезона се соочуваат со стариот проблем, не можат да постават фотоволтаици , бидејки според препораките на УНЕСКО, тоа не е дозволено. Ова кај нив создава дилема дали повторно да плаќаат високи сметки за струја или да ги затворат објектите во зимските месеци, како што сторија поголемиот дел од нив, лани.

„Се работи за објекти кои се изградени пред 30 или 50 години и се поблиску од 50 метри од езерото, а тие објекти се легални.И по законот се вели дека не смее да извадат било каква дозвола за градба,па и за поставување на фотоволтаици, ако се на помалку од 50 метри. Дури и за реновирање на кровот, требаат да бараат дозвола. Затоа ние бараме оние објекти кои се изградени претходно да имаат право да постават фотоволтаици, со поедноставивање на процедурите“, велат од ХОТАМ.

Експертите сметаат дека станува збор за апсурдни правила.

„Технологијата во денешно време и во иднина ќе се развива со хипер продукција. Ако тие немаат своја сопствена енергија, цената нема како да биде ефтина. Мислам дека тука треба да се направи некоја корекција во однос на тие правилници“, вели Зоран Митрески-експерт за енергетика.

Перо Кутаноски, менаџер на хотел во Охрид вели дека бил принуден да го менува проектот за добивање на дозвола,затоа што според некои мерења првиот панел бил на само 47 метри одалеченост, а не 50 метри. Од ХОТАМ ја повикуваат Владата да ги отстрани овие за нив спорни одредби според препораките на УНЕСКО.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button