РЕГИОН

Хоти: Косово преговара со Србија единствено за меѓусебно признавање

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави по средбата со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, дека единствениот исход кој Косово го очекува од преговорите со Србија е меѓусебното признавање на двете држави.

Advertisements

Хоти рече дека прашањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население, кое наводно било главната причина за доаѓањето на Лајчак, за Приштина е затворено со потпишувањето на договорот од 2013 година во Брисел, и покрај настојувањата на официјален Белград тоа повторно да се актуелизира.

Косовскиот премиер порача дека Заедницата ќе биде формирана, но секако нема да има извршни надлежности, а нагласи и дека во преговорите со Србија веќе воопшто не се споменува идејата за размена на територии и не се доведува во прашање унитарниот карактер на косовската држава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button