ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судот уште не решил, а градот продолжи со уривањето на галијата

Во камионче се складира инвертарот од кафулето на бродот на „среќата“. Оваа галија во реката Вардар и официјално е под клуч за гостите. Нејзиното демолирање продолжи откако скопскиот Апелационен суд ја укина времената мерка со која беше сопрено демонтирањето. Причина за уривањето е раскинат договор откако фирмата Сервис која управува со бродот не платила три закупнини, за што се тужат со Град Скопје пред Граѓанскиот суд.

„Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои што не знаат, бидејќи гледам дека има разни контроверзии во градот, согласно законот, законски застапник на институцијата Град Скопје е градоначалникот на Град Скопје. Јас имам право да го застапувам овој Град во секоја постапка“, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Го контактиравме Жарко Миленковски управителот на фирмата Сервис која раководи со галијата. Тој останува на истиот став од пред пет дена дека уривањето на бродот е собирање политички поени на Шилегов. Миленковски реагира дека уривањето е пред граѓанскиот суд кој треба да пресуди за спорот меѓу нив и Град Скопје.

„Лично на Градоначалникот му испратив две писма со молба да објасни како мисли да ни помогне, затоа што даваше изјави дека ќе помогнат на стопанството. Кога видов дека не одговара плативме сè што должиме 100%. Веднаш потоа договорот ни беше раскинат. Тоа е вистината. Сè друго е манипулација. На судењето на 7-ми jули може да дојде не лично Петре Шилегов, туку и Св. Петар да дојде фактите се сепак на наша страна“, нагласи Жарко Миленковски, управител на ЕМУС Сервис АД Скопје.

Инаку, ова е втор обид за демонтирање на галијата. Првичниот, Шилегов лично го најави уште во април, па со времена одлука на граѓанскиот суд цели два месеца беше сопрено уривањето. Галијата од Вардар треба да заврши во склад на Град Скопје. Ова е бугарска инвестицја и за случајот фирмата ги известила бугарскиот претседател Румен Радев, абмасадите на Бугарија и САД, како и делегација на Европската Унија.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button