ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Разгалени политичари бираат вакцини како вино на свечена вечера

Дилемата за избор на анти-ковид вакцина придружуваше многу политичари кои јавно се појавија да се вакцинираат. Јавноста прашува зошто политичарите ги избираат вакцините, а не ги примаат оние кои се на ред, за да станат модел за граѓаните? Инфектологот Фадил Цана нагласува дека сите видови вакцини се исти по квалитет, но она што веројатно го бараат некои политичари е потврдата за патување во странство.

 „Избегнувањето е затоа што овие две вакцини сè уште не се заверени од надлежните европски и американски тела и се во фаза на стандардизација и сертификација. Но, сега мислам дека најголемата причина зошто се бега од овие вакцини е затоа што сертификатите добиени од руските и кинеските вакцини нема да ви служат за патување во Европа или Америка.“

Имаше реакции и од некои пратеници кои ги добија првите дози на вакцините на 23 април. Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче се вакцинираа со кинеската „Синофарм“, но Артан Груби не кажа каква вакцина примил. Имаше коментари и за менување на ампули пред камерите.

Во очекување на втората доза која пратениците ќе ја добијат во петок, пратеникот Изет Меџити вели дека заминале со Фајзер, а ги вакцинирале со Спутник.

 „Ден – два претходно во директен разговор со Филипче и во канцеларијата на г-нот Џафери, прашав кои вакцини се планираат за пратениците – ни рекоа Фајзер. Имаше дури и некои реакции во јавноста зошто ние со Фајзер, а загрозените граѓани со други вакцини? Следниот ден без најава, како што реагираше и г-дин Трајанов, кој ја кажа вистината, тоа се смени и сите пратеници беа вакцинирани со Спутник.“

Според лекарите, највлијателните личности треба да бидат пример за граѓаните и да не се сомневаат во квалитетот или предностите на некои од вакцините од различни производители. Според официјалните податоци на Министерството за здравство, близу 20% од граѓаните не се појавиле на терминот за вакцинација, иако го закажале. До денеска вакцинирани се над 135.500 граѓани, а над 318.700 илјади се пријавени за следните недели.

Аднан Ќахили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button