ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И денешните локални се корона-избори, со маски и спрејови

Како и сите други јавни активности, така и локалните избори се организираат со посебен здравствен протокол за заштита од корона вирусот. Протоколот останува непроменет од минатата година кој се применуваше за парламентарните избори. Интегрален дел од процесот на избирачко место се маските и средството за дезинфекција. Министерството за здравство потсетува дека:

„Членовите на избирачкиот совет и набљудувачите треба да носат опрема за лична заштита. Во местата за гласање, прозорците треба да бидат отворени или околината да се проветрува секој час. Дезинфекцијата на рацете е задолжителна“, велат од Министерство за здравство.

И гласачите треба да ги почитуваат мерките. Мораат да чекаат ред со почитување на растојанието. Рацете треба да се дезинфицираат при влегување во избирачкото место. Треба да носат маска што може да се тргне само неколку секунди за идентификација откако гласачот ќе ја даде личната карта. По гласањето, рацете треба повторно да се дезинфицираат. Внатре во избирачкото место не треба да има повеќе луѓе отколку што има паравани.

Општините беа обврзани да ги дезинфицираат просториите на избирачкото место.
Избирачките места се затвораат во 19 часот. За разлика од минатата година за време на парламентарните избори, овој пат рокот за гласање не важи до 21 часот, одлука која исто така беше донесена во рамките на мерките за избегнување редици на избирачките места.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button