ВЕСТИРЕГИОН

САД повикаа на смиреност по вчерашните настани на Косово

Портпаролот на Стејт департментот повика на смиреност по вчерашните судири на Косово. „Соединетите држави повикуваат на смиреност како одговор на последните настани на Косово. Ќе продолжиме да работиме со партнерите од ЕУ и НАТО за да им помогнеме на сите страни да одржат напредок во нормализирање на односите и намалување на тензиите“.

Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеф Борел изјави дека едностраните дејствија што ја загрозуваат безбедноста се неприфатливи. Тој напиша на Твитер дека насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да прекинат и посочи дека еднострани и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button