ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 12 степени

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој кон средината на денот постепено ќе се намалува. Сепак, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кон крајот на денот и преку ноќта кон сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд на повеќе места низа земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус еден до шест Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 12 степени.

Advertisements

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно, со услови за краткотраен дожд преку ден, а почести врнежи се очекуваат во текот на на ноќта кон сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од југосточен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до пет степени, а максималната дневна ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button