ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И денеска сончево и топло со температури до 33 степени

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност која ќе биде поизразена во северните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб претежно јужен ветер, додека во североисточните делови ветерот ќе биде од северозападен правец.

Advertisements

Минималната температура ќе се движи во интервал од седум до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура во главниот ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 31 Целзиусов степен.

Во следните денови, како што информираат од УХМР, и понатаму ќе се задржи стабилно и топло време. Во петок, во попладневните часови, ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево време, со повремена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, претежно на југоистокот на земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button