ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И директорот на јавното претпријатие „Дрисла“ поднесе оставка

Покрај оставката на директорот на ЈП Градски Паркинг, Бојан Христовски, од функција денеска се повлече и директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски.

Неговата оставка доаѓа на само еден ден откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска отпушти двајца ВД функционери, директорот на скопското јавно претпријатие „Водовод“ Златко Перински и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски.

Според Мицевски, клучен проблем било немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај, како што тврди, бројните обиди тоа да биде сменето.

„Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, вели Мицевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button