ЕКОНОМИЈА

Цените на храната во Македонија се доближија до “европските”

Сигнал од светските пазари, во јули цените на храната и на суровините во пад – но колку овој тренд ќе се одрази врз крајните потрошувачи. Засега – Македонија и земјите од регионот на свој начин се подготвуваат да ја завршат економската 2022 ра во амбиент на силен ценовен притисок и енергетска криза, пишува Порталб. Сепак – различни земји на различен начин се борат со инфлацијата. Албанија и Хрватска најавија замрзнување на цените на струјата а дел од економиите и воведуваат ценовни ограничувања за храната.

Во земјава инфлација од 14,2% – очекувања до крајот на годината …

Европските економии ги зголемија прогнозите за инфлацијата од 5,7% на 8,1% за годинава и од 3,2% на 4,5% догодина. Повисока инфлација се очекува кај сите трговски партнери на земјава, особено во Германија и во Хрватска. Сепак веќе има сигнали за забавување на растот на цените на житариците, во пад се цените на металите а се намалуваат и цените на нафтените деривати.

Додека прогнозите упатуваат на смирување на ценовниот притисок, во Македонија живеачката станува се поскапа – во август во споредба со истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8% но на месечно ниво за 1,3%. Во продавниците и натаму се бележат поскапувања, само кај храна и пијалаци е регистриран годишен пораст на трошоците за 25%.

Од регионот, цените на храната во Хрватска се највисоки. Владата веќе направчи чекор за заштита на животниот стандард – ограничување на цените на храната и на струјата.

“Замрзнати” се цените и на основните прехранбени производи па така масло за јадење ќе чини 2,1 евро, литар млеко 0,98 евра, килогам шеќер 1,06 евра а цената на брашното ќе се движи околу едно евро по килограм. Во Хрватска цените на месото се значајно повисоки во однос на другите земји во регионот – килограм свинско месо или едно пиле се со речиси иста цена од 25 евра.

Соседна Србија важи за земја во која цените на основните прехранбени производи се пониски. Така килограм брашно чини околу 0,60 евра а шеќерот 0,85 евра, цената на млекото е близу 1 евро, а на маслото за јадење 1,6 евра. Килограм пилешко месо се продава по цена од околу 4,2 евра, а телешкото чини околу 9,8 евра за килограм.

Извор: бизнис вести

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button