ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И годинава пожарите ќе се гасат со стари возила

Сезоната на пожари годинава почна многу порано, а противпожарната единица е затекната во речиси иста состојба како лани. Шефот на Противпожарната бригада во Скопје Звонко Томески вели дека продолжуваат да работат со камиони стари околу 30 години, кои тешко се поправаат, немаат заштитна опрема но има и мал број пожарникари.

Advertisements

Од Град Скопје велат дека се планира да се снабди противпожарната единица со противпожарна опрема.

„Годинава се планира да се снабди градот со две противпожарни цистерни и едно противпожарно возило. За набавката на овие, советот на град Скопје ќе одлучи на седницата на 31 март“, изјават од Град Скопје

Во тешка состојба е и противпожарната бригада во Куманово. Работи со возила постари од 40 години. Од општината велат дека немаат доволно буџет за нови камиони.

Со стара опрема се борат и тетовските пожарникари. Од општината велат дека бараат донации, додека возило е обезбедено во соработка со УНДП.

„Општина Тетово е во постојан контакт со нашите сонародници кои живеат и работат во дијаспората, кои изразија подготвеност да им помогнат на пожарникарите со  средства за противпожарна заштита, изјаваат од Општина Тетово

Противпожарните единици во земјава велат дека се фокусирани и на обука на пожарникарите во странство за да се стекнат со вистинските искуства. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button