СВЕТ

И натаму хаос на аеродромот во Дубаи

Обединетите Арапски Емирати се уште се мачат со последиците од досега невидените дождови кои доведоа до застој во голем дел од земјата. Функционирањето на меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните на светот, и натаму е нарушено откако невремето во вторникот ја поплави пистата, што резултираше со пренасочување, одложувања и откажувања на летови.

Аеродромот утрово соопшти дека почнал да прима влезни летови на Терминалот 1, што го користат странските авиопревозници, но дека летовите и натаму се одложуваат. Авиокомпанијата „Емирејтс“, која е најголемиот корисник на аеродромот, објави дека утрово повторно ќе почне со пријавувањето на патниците, одложувајќи ја одлуката за цели девет часа.

Вчера беа откажани околу 300 летови на аеродромот, а уште стотици беа одложени. Од аеродромот, кој лани услужил повеќе од 80 милиони патници, помалку само од Атланта, предупредија дека за закрепнувањето ќе биде потребно некое време. Аеродромот се мачи и да им обезбеди храна на заглавените патници зашто околните патишта се поплавени.

Властите најавија дека ќе има уште грмежи, поројни дождови и силни ветрови. Во најголемото невреме откако почнале да се вршат мерења во 1939 година загинаа 20 лица во Оман и едно во ОАЕ, а бројни ниски области се под вода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button