СВЕТ

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Со автомобил удрил во куќа, а потоа излегол и со мачета напаѓал луѓе

Денеска, околу седум часот наутро, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа тој со автомобилот удрил во куќа.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица се избодени и пренесени во болница. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци.

Триесет и шестгодишниот напаѓач е уапсен. Од полицијата додаваат оти не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек. Засега се чини дека нападот не е поврзан со тероризам.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button