ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И ова го има во Скопје – протестираа кандидати за директори!

Кандидати за директори на основни и средни училишта денеска протестираа пред Државниот испитен центар, поради доцнење на обуките и испитните процедури. Велат дека платиле пред шест месеци, но сè уште не биле повикани на обука.

Advertisements

Пристапот на Државниот испитен центар кандидатите го сметаат за пристрасен. Велат дека ќе се жалат и кај Народниот правобранител.

„Директорката смета дека треба да се организираат најмалку две обуки годишно. Не дефинираат јасно кога тоа ќе се случи. Прашањето што се поставува е зошто да нема повеќе обуки во рок од една година, бидејќи како што знаете, пријавени сме повеќе од 50 кандидати“, вели еден кандидат.

Од Државниот испитен центар велат дека постапуваат согласно законските одредби и оти испитите и обуките се спроведуваат редовно. Според нив, последниот испит се одржал во декември, а следната обука треба да се одржи во март. Обуките чинат околу 500 евра.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button