ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опасна арматура „штрчи“ од надвозниците на автопатот Тетово – Гостивар

Повеќето од столбовите на мостовите на автопатот Тетово-Гостивар останаа со гола арматура.

Во ваква состојба се речиси сите мостови покрај автопатот Тетово – Гостивар. Но, ова не е единствениот проблем. Овој автопат е целиот со дупки и на места нема асфалт, а главен проблем е третата лента која во случај на дефект на автомобилот би овозможила странично паркирање, но овој автопат нема. Затоа, неисправните автомобили обично треба да се паркираат покрај патот.

Возачите се жалат дека мостовите со вакви столбови претставуваат опасност и бараат интервенција од надлежните.

Директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми, вели дека годинава ќе почне да се работи на целосно нов автопат.

„Патот Тетово-Гостивар се планира да започне годинава со Бехтел и сите овие мостови ќе се урнат за проширување на автопатот кој мора да ги исполнува сите европски стандарди“, вели директорот Рустеми.
Оштетувањето на долниот дел од столбовите на надвозниците се должи на водата која често се акумулира под нив, но и на оштетувања од сообраќајни несреќи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button