ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците се правдаат за евтините цени во собраниското бифе, така ги наследиле!

Дека пратениците имаат најевтини оброци на своите работни места, не сите јадат таму. Не дека храната е бајата, туку луксузот го наоѓаат во најпрестижните ресторани во главниот град. Во случаи кога имаат работни ручеци со гости, првиот човек на Собранието може да чести само со потпис на сметка на даночните обврзници. Дел од пратениците што случајно ги сретнавме трошокот го правдаат со квалитетот на храната и услугата, но некои други не се согласуваат со тоа.

„Мое мислење, но верувам и дека од мнозинството пратеници цените се пазарни, тие се реални цени и нивото на трошоците покажува дека нема примарна намера за остварување профит, односно остварување на лукративна цел“, вели Арбр Адеми, пратеник на ДУИ.

„Плаќа народот, ние плаќаме за нив затоа што нема бесплатно, никој не ми дава мене, до денеска никој не ми дал. Во ресторани никогаш, никогаш, со што да излезам, со пензија? Не можеме ни да видиме каде се тие“, реагираат граѓаните.

„Мислам дека не треба да има привилегирани граѓани ниту во Собранието ниту во однос на рестораните, но тоа е нешто што е инсталирано, не пред 30, туку пред 50-60 години, не ги знам причините, можеби е поврзано со фактот како се третирале политичарите во минатото“, рече Африм Гаши, пратеник на Алтернатива.

„Пратениците не се виновни затоа што никој не не консултирал за овие цени кои не ги ни знам, пратениците ќе бидат услужени, а одговорното лице кое ја води оваа институција треба… студентите и другите се со послаба финансиска можност“, рече Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците.

Според прописот за државните институции, Службата за општи и заеднички работи е надлежна за снабдување со прехранбени производи на Собранието, кабинетот на Претседателот, Владата и другите државни ресори. Но, во менито со симболични цени каде еспресо чини 10 денари, салата 15, а најскапата храна се чини е 390 денари за килограм печена риба, не можат да уживаат граѓаните, туку само пратениците и службениците од надлежните институции, каде има случаи кога со себе дома носат храна за да има на маса за целото семејство.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button