ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И утринава продолжува санирањето на штетите од невремето во Делчево

По вчерашното невреме поплавени беа голем број куќи, а на санирање на штетите уште доцна синоќа, освен пожарникарите од Делчево, работеа и пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и Македонска Каменица, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот на Делчево и помогнаа во справување со последиците од невремето

Санирањето на штетите од невремето кое вчера го зафати Делчево, продолжи и денеска. Утринава се испумпува водата од подрумите на жителите кои се поплавија по силното невреме со пороен дожд, грмежи и град.

Поплавени беа голем број куќи, а на санирање на штетите уште доцна синоќа, освен пожарникарите од Делчево, работеа и пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и Македонска Каменица, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот на Делчево и помогнаа во справување со последиците од невремето.

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски синоќа информираше дека во функција се ставени сите расположливи ресурси, но оти за целосно справување со последиците ќе биде потребна поголема поддршка.

Тој ги повика луѓето кои имаат поплавени домови да се јават на бројот 193 во Противпожарната служба, каде што се наоѓа и координативниот центар, за службите да знаат каде да интервенираат. Апелираше до граѓаните до денеска наутро да не ја користат водата од водоводнот систем во градот за пиење.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button