МАКЕДОНИЈА

И во следните денови нѐ очекува голема летна жештина

Во последните 24 часа е регистрирано зголемување на бројот на случаи со влошено здравје кај граѓаните, главно несвестица, бидејќи излегле во часови кога не се препорачува. Сепак и покрај препораките на лекарите да не излегуваат надвор за време на високите температури, денеска на плоштадот имаше раздвиженост.

Advertisements

За итни случаи на целата територија на Скопје, Брзата помош е достапна со само 6 амбулантни возила, па докторите апелираат граѓаните да не се движат без поголема потреба од 10 до 19 часот. Да се носи лесна облека, задолжително да се има шапка и шише вода.

Од МВР информираат дека во последните два дена имало 51 сообраќајна незгода. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и утре ќе имаме топло време со натпросечни температури за овој месец. Во Гевгелија се очекуваат 41 степен, во Демир Капија 40, а во други шест градови температурите ќе достигнат меѓу 37 до 38 степени. Во недела и понеделник ќе има определено намалување на жештината, но потоа веќе од вторник повторно високите температури повторно ќе се вратат.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button