ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иако шансите се мали, експертите за европски прашања велат дека постигнувањето компромис меѓу Скопје и Софија за една недела не е невозможно

Иако шансите се мали, експертите за европски прашања велат дека постигнувањето компромис меѓу Скопје и Софија за една недела не е невозможно. Симонида Кацарска од Институтот за европска политика оценува дека дури и ако се постигне напредок за деблокирање на почетокот на преговорите, Скопје ќе се соочува со Софија во текот на целиот процес на преговори и затоа мора да се најдат модалитети за долгорочна комуникација.

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии не ја исклучува можноста за постигнување праведен договор, што би ги поставил темелите на добрата доверба меѓу двете страни. Според Ибрахим, ова зависи и од влијанието на надворешните фактори.

„Она што беше видено пред неколку дена е дека премиерот Заев направи многу важен стратешки чекор кон целосна независност на Македонија од српската и руската сфера, но исто така и дека Бугарија не е толку лесно ослободена од руското влијание. Значи, постојат некои фактори кои влијаат на договорот, тоа не е работа само на комисијата и на министрите за надворешни работи, туку има и други актери кои се заинтересирани да ги држат во заложништво нерешените прашања меѓу државите.“

Поради непредвидливоста за тоа кој ќе ја формира следната бугарска влада по изборите во март и колку ЕУ ќе се посвети на проширувањето,експертите сметаат дека  поповолно е ова прашање да се реши сега кога Германија претседава со ЕУ.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button