МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ изработи нов акциски план за заштита на здравјето при топлински бранови

Ако во јуни, два дена по ред, бидат измерени најмалку 37 степени Целзиусови државата ќе може да прогласи кризна состојба. За јули и август прагот е 39 односно 40 степени. Тоа значи дека треба да бидат преземни серија мерки за зашитата на населението и ќе биде вклучен црвен аларм. За Охрид, на пример прагот е 32 степени во јуни, 35 во јули и август, а Гевгелија 38 во јуни, 41 во јули и август.

Advertisements

Ова го предвидува новиот Акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Македонија во периодот 2025-2030 година, што го изработи Институтот за јавно здравје.

Досега праговите за црвен аларм беа повисоки. За Скопје за јуни прагот беше поставен на 41 степен, за јули на 44, а за август на 43 степени. Тоа го пишуваше во претходниот Акциски план кој беше изработен во декември 2011 година.

Според новиот акцински план, највисоко поставена температура после која се прогласува катастрофа е 41 степен и тоа се однсува за август за Демир Капија и за јули и за август за Гевгелија.

Овој документ ги содржи активностите во рамките на Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Република Македонија 2025 – 2030, со цел навремено справување и одговор на влијанијата на топлотните бранови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button