СПОРТФУДБАЛ

Илиески, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Воска Спорт

Антонио Илиески кариерата ќе ја продолжи во редовите на Воска Спорт. 27-годишниот дефанзивец во Охрид доаѓа од редовите на албански Фљамуртари. Воска има амбиции и цели кон опстанок во ПМФЛ, па Илиески е трето засилување за охриѓани оваа зима, откако претходно заминаа шестмина.

Со доаѓањето на Илиески се очекува да се зацврсти дефанзивата. Во својата кариера Илиески тргна преку Гостивар, па играше за Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров, Тиквеш, Кораб и Ренова.

Во 2022 година од таборот на „гипсарите“ по распаѓањето на клубот се пресели во албански Кукс, а ова лето го засили Фљамуртари. Досега Воска Спорт се засили со Петар Бојо и Менсало, а веројатно Илиески не е последен новајлија зимава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button