МАКЕДОНИЈА

Илјадници жители на Шуто Оризари без матичен лекар и без гинеколог

Околу 5.200 жители, меѓу кои над илјада деца во Општина Шуто Оризари немаат матичен лекар. Активисти од граѓанскиот сектор велат дека и покрај јавните конкурси, лекарите не покажуваат интерес да работат во оваа скопска општина, бидејќи како што велат и покрај Хипократовата заклетва, ангажманот во поликлиниката Шутка се смета за казна.

Во време на пандемија, жителите на Шуто Оризари се уште позагрозени, бидејќи немаат преку кого да закажат ПЦР тест. Освен што нема матични лекари, во поликлиниката нема ниту гинеколог.

Жителите се жалат дека институциите воопшто не се грижат за нивното здравје.

Граѓаните велат дека лекарите во другите здравствени установи не ги прифаќаат затоа што веќе имаат свои пациенти. Три матични лекари од поликлиниката се пензионирале, а истото се очекува и со уште двајца други.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button