ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инаугурирана првата жена претседател на Република Македонија

Инаугурирана првата жена претседател на Република Македонија

Шестата претседателка на Македонија и прва жена претседател, Гордана Силјановска Давкова, даде свечена заклетва пред пратениците, дипломатскиот кор, високи претставници на државните институции, но и поглаварите на верските заедници. Меѓу гостите беше и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма, а не дојдоа поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.

Advertisements

Во нејзиниот говор, кој траеше околу 17 минути, таа најпрвин вети дека ќе биде претседател за сите, без разлика на нивната припадност по било која основа.

Силјановска најголемиот дел од својот говор им го посвети на жените, на кои им порача дека ќе ги инспирира да преземаат одговорност на политички план.

Силјановска, сепак, истакна дека професионалноста и компетентноста ќе бидат главниот критериум за да се биде дел од нејзиниот тим и им порача на пратениците дека само владеењето на правото може да ја направи оваа земја европска држава. По говорот во Собранието, Давкова Силјановска заедно со својот тим се упати кон Вила Водно за примопредавањето на функцијата, каде беше примена од нејзиниот претходник Стево Пендаровски./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button