ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Перцепција на корупција – земјава во друштво на Тринидад и Тобаго

Според Индексот на перцепција на корупција за 2023 година, Македонија се наоѓа на 76 место со 42 индексни поени, што ја става во друштво со Бахреин, Кина, Куба, Унгарија, Молдавија и Тринидад и Тобаго, објави „Transparency“.

Во 2022 година земјава беше на 85 место со 40 индексни поени. На мерната скала, 0 индексни поени означуваат најголема корупција, а 100 е најмала.

Од земјите во регионот најдобра, иако без промени во однос на минатата година е Хрватска со 50 индексни поени и се наоѓа на 57 позиција. Најлошо рангирана, иако со напредок од еден индексен поен е Босна и Херцеговина, која се наоѓа на 108 позиција. Грција има пад од три места и се наоѓа на 59 место со 49 индексни поени. Црна Гора со напредок од 1 поен е на 63 место со 46 индексни поени. Албанија има напреднато за една позиција и се наоѓа на 67 место со 45 индексни поени. Бугарија има напреднато за две места и се наоѓа на 98 место со 37 индексни поени. Косово, без поместување со 41 поен е на 83 место, додека Србија нема поместување и се наоѓа на 104 место со 36 индексни поени.

Во Извештајот се нотира дека во септември 2023 година, Собранието значително го поткопало судството. Во нетранспарентна и брза постапка пратениците го измениле Кривичниот законик намалувајќи ги затворските казни и рокот на застарување на делата за злоупотреба на службената положба. Ова, се вели во Извештајот, ќе предизвика околу 200 сомнителни случаи на корупција да бидат отфрлени, од кои многу вклучуваат поранешни високи функционери.

Инаку, во светски рамки, ова се првите пет држави со најниска перцепција за корупција:

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button