ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Индиции дека на 15 мај Соборот на СПЦ ќе одобри канонско единство со МПЦ

Соборот на Српската православна црква (СПЦ), што почнува на 15 мај, ќе расправа за одлуката на васеленскиот патријарх Вартоломеј, кој ја призна Македонската православна црква како „Охридска архиепископија“ и има индиции дека владиците ќе одобрат таа повеќе да не се третира како „расколничка”, односно да дојде до канонско единство, дознава „Блиц”.

-Дали тоа „канонско единство“ подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога „таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ“. На таа одлука, доколку Соборот на СПЦ се согласи и претходеа обновени разговори меѓу српскиот патријарх Порфириј и претставници на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се одржаа на преговарачката маса во Ниш во најголема тајност, пишува Блиц.

Зворничко-тузланскиот владика Фотиј неодамна кој со оптимизам зборуваше за резултатите од разговорите во Ниш. Тоа го направи пред да биде објавена официјалната одлука на Вартоломеј, додека потоа ниту тој, ниту други великодостојници на СПЦ се имаат огласено.

-Можно е овој месец на мајскиот собор на СПЦ во Белград, МПЦ, односно Охридската архиепископија да се врати во канонско единство со СПЦ и со тоа да се реши расколот од 1967 година. Деновиве како дел од Синодот на СПЦ, го придружував Неговата Светост (Порфириј). Првиот ден имавме средба со претставници на Македонската православна црква во Нишката епархија. Тоа беше интересен дијалог на љубов, верба и надеж и се надеваме дека ако даде Бог ќе дојде до единство, но прво да се помолиме сите на Бога. Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија, на овогодинешното заседание на Соборот во Белград во мај ќе се врати во канонско единство со Српската православна црква, а со тоа и во канонско единство со сите помесни православни цркви, изјави владиката Фотиј на 6 мај.

Тој не наведе што тоа конкретно значи, односно дали СПЦ ќе ја признае автокефалноста на МПЦ, но посочи дека Соборот на СПЦ е пред „голем предизвик“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button