МАКЕДОНИЈА

Падобранци на НАТО ќе спроведуваат обука во земјава

Во земјава пристигнаа 1 800 падобранци од 16. воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија.

Од Британската амбасада во Скопје информираа дека обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата. Во текот на следните недели, како што соопшти Амбасадата, 2 700 војници од Северна Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран.

„На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Северна Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани“, велат од Амбасадата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button