ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иницијативата за уставни измени на проверка во Министерството за правда

Предлог-иницијативата за промена на Уставот подготвена од Работната група за уставни измени е доставена до Министерството за правда, каде се врши проверка и кога ќе биде целосно подготвена ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои и да ја достави до Собранието. Според собранискиот претседател Талат Џафери, од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени до Собранието, па до нивно усвојување минимално се потребни четири и пол месеци. Според информации на МИА, постапката за усвојување на уставните измени би требало да започне кон средината на јуни.

Во моментов во Министерството за правда се врши проверка на Предлог-иницијативата на Работната група од номотехнички аспект, по што би требало да биде преведена на албански јазик и кога ќе биде подготвена ќе се најде на седница на Влада. Владата треба да ја разгледа и усвои Предлог-иницијативата, по што таа ќе биде доставена до Собранието на понатамошна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button