ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инспекторатот сè уште без одлука околу сомнежите за плагијати на Универзитетот во Тетово

Извештајот на Просветниот инспекторат во врска со наводите за плагијати на Универзитетот во Тетово се одвлекува. Иако извештајот требаше да биде објавен пред една недела, од Инспекторатот за Алсат велат дека првата фаза од инспекцијата била завршена и оти сега очекуваат надлежната комисија при Министерството за култура да го оцени авторството на научните трудови. Покрај тоа, Инспекторатот чека извештај од Научниот наставен совет во рамките на самиот Тетовски универзитет за темите на студентите, тврдејќи дека тие се обработуваат.

„Во врска со наводите за плагијат, сакам да појаснам дека не станува збор за 7 професори или 5. Станува збор само за двајца професори, а другите имиња за кои станува збор се студенти од трет циклус на Медицинскиот факултет. Што се однесува до научните трудови на професорите, но и на кандидатите, тие научни трудови ги испративме до надлежните институции, односно ги испративме до Министерството за култура, врз основа на Законот за авторско право.“

Според Муслиу, Инспекторатот утврдил неправилности во Регулативата за упис и студирање во трет циклус и при изборот на вонреден професор, но не и во суспендирањето на поранешниот декан на Медицинскиот факултет, Кастриот Хаџиреџа, кој исто така достави жалба.

„Суспендирањето за деканот е извршено во согласност со Статутот на Универзитетот и Законот за високо образование.“

Хаџиреџа за Алсат изјави дека не очекувал поинаква одлука.

ВИЗРТ –

„Да кажеме дека не сме компетентни да проценуваме плагијаторство, се случува само кај нас. Префлањето на топката до Министерството за култура, е како да се работи за кражба на песна, или поезија, колку е за плачење, толку е и за смеење. Што се однесува до образложението за моето разрешување, наводно дека ректорот има право да суспендира кого сака и како сака е уште еден бисер на пресудата на овој инспекторат. Дури и во најдиктаторските и нехуманите системи постојат некои законски, морални и божествени норми кои го ограничуваат автократското однесување.“

Во средината на март, списанието „Веритас“ објави научни трудови за кои се тврди дека се плагијати на професори и нивни кандидати. Сомнежите за плагијати ги покрена и поранешниот декан Хаџиреџа, кој подоцна беше разрешен без конкретна причина, освен за гласини за нарушување на имиџот на универзитетот.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button