ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Инспекторите добија лабораторија за испитување на мазут

За две години мобилната лабораторија за проверка на квалитетот на горивата во Македонија направила само 17 контроли. Државата за оваа подвижна лабораторија сместена во комбе, потроши без малку 500 илјади евра. Наодите од направените контроли покажале дека нема никакви нерегуларности во однос на квалитетот на бензините и дизел горивата кои ги точат и користат граѓаните од бензиските пумпи.

Засега од страна на граѓаните во пазарниот инспекторат е поднесена една пријава за сомневање дека бензинска пумпа продава сомнително гориво. Но, по изршената контрола, инспекторите не откриле лоши горива.

„Граѓаните можат да бидат сигурни дека се користи гориво со соодветен квалитет“, вели Анета Симевска Димоска, директорка на пазарен инспекторат.

При проверка на граничните премини, пронајдени биле две пратки со лош квалитет на мазут кој требало да заврши во земјава. Но експресно биле вратени назад, велат надлежните. Инспекторите тврдат дека по избивањето на аферата со увоз на мазут, засилени се контролите на граничните премини од страна на царината.

„Тие цистерни беа контролирани во граничните премини. И во делот на водата, и во делот на пепелта ги надминува параметрите кои се предвидени. Тие цистерни не влегле во Северна Македонија, вратени се назад“, рече Крешник Бектеши Министер за економија.

Бирото за Метерологија, ќе врши проверка и на количините мазут кои ќе влегуваат во земјава. Од денеска на располагање оваа институција има нова лабораторија вредна речиси 400 илјади евра.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button