ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инспекции; Ќе се одзема стоката од нерегистрираните трговци

Од раните утрински часови инспектори од четири институции го посетија пазарот на големо, познат како „Кванташки“. Пазарниот инспекторат изврши контроли на увозниците на овошје и зеленчук, при што повеќе од 30 инспектори беа во координација со екипите на Финансиската полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземен имот. Акцијата е спроведена врз основа на одлуката на Владата за замрзнување на цените како и одлуката за снабдување на 70% од овошјето и зеленчукот на пазарот на мало. Сепак, не беа дадени други детали за можен прекршок.

По втор пат во рок од еден месец се одвива голема акција на пазарот на големо на овошје и зеленчук во Скопје, но од Пазарниот инспекторат и од Финансиската полиција не се огласија за фиктивните фактури кои биле доставени во Царинската управа.

Трговците од малопродажните места кои го снабдуваат големиот пазар велат дека не можат да добијат стока бидејќи не им даваат фактури. Дел од нив патувале од различни градови, но не може да купат овошје и зеленчук бидејќи уплатниците веќе не се доволни. Овие незаконски постапки направија дисбаланс на трошокот со продажната цена и на зелените пазари артиклите се продаваа по високи цени.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, вели дека ќе има одземање на стоката од нерегистрираните трговци, но молчи до каде е истрагата за фиктивните царински фактури кои наводно биле пракса уште од 2007 година.

Ваква акција имаше и на 8 април, но освен казни за трговците за прикривање на залихите и недавањето реални фактури, ништо не беше кажано за фискалната евазија која се случувала до години.. Од Министерството за економија се очекува во текот на оваа недела да излезат со детали за тоа дека повеќето увозници во последните месеци издавале лажни фактури на Царината и дека фактурите со кои ги купувале производите во земјите од регионот биле различни. Според надлежните, увозниците избегнувачле царина. Од Царината велат дека се уште е во фаза на прибирање докази.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button