МАКЕДОНИЈА

Исчистен одронот кај Долно Косоврасти, сообраќајот нормализиран

Исчистен е големиот одрон на патниот правец Дебар – Маврово, делница Дебар – село Долно Косоврасти, и сообраќајот е нормализиран.

Одронот од околу 50 кубни метри камен и земја кој беше паднат на коловозот во 9 часот, беше исчистен за три часа со максимална ангажираност на вработените на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци.

– Поради одронот кратко сообраќајот беше во прекин а сега истиот е целосно нормализиран. Поради обилните дождови, изминатите два дена, чести, но, помали одрони, има долж сите патни правци кои се под наша надлежност. Затоа препорачуваме внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, апелираат од секцијата.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато“ или во вкупна должина од околу 120 километри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button