МАКЕДОНИЈА

Градскиот автобус на линијата 4 од денеска ќе поминува кај пазарчето и црквата во Ѓорче Петров

Градските автобуси кои сообраќаат на линија 4 во реонот на Ѓорче Петров од денеска ќе се движат по нова, изменета траса од досегашната, односно ќе минуваат од кај пазарчето и црквата „Свети Апостол Петар и Павле“.

-Во насока од 11 Октомври кон Хром, од булевар „Партизански одреди“ возилата ќе сообраќаат до кружната крстосница кај црквата „Свети Апостол Петар и Павле“, потоа ќе вртат лево по булевар „Македонска војска“, па ќе продолжуваат лево по улица „Ѓорче Петров“ и кај кружниот тек (споменик на Ѓорче Петров) ќе вртат десно по улица „Воин Драшковиќ“ до крајната/почетната постојка во Хром, информираат од ЈСП Скопје.

Нагласуваат дека посочениот режим важи и во обратна насока, односно од Хром кон 11 Октомври.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button