ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Исечени дрва на улица во Тетово запалија политички кавги

Дрвата на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово се исечени по решение на Општинскиот инспекторат за екологија и јавното претпријатие за зеленило. Во документот што го обезбеди Алсат се наведува дека одлуката е донесена по констатација дека тие треба да се исечат и да се заменат со нови, но и по жалбата на дел од сопствениците на објекти. Од општинскиот сектор за јавни дејности велат дека документацијата ќе биде доставена на следната советничка седница што се очекува да се одржи за неколку дена, по што ќе започнат работите за санирање на улицата.

„Работата е што самите граѓани побараа да се продолжи со работа и да се отстранат дрвата кои се пречка за нивните бизниси, дека се пречка за пешаците и неколку пати нагласив дека имале проблеми со дуќаните бидејќи корените на дрвјата влегле кај нив. Пред да започнеме со градежните работи имаме обврска и се обраќаме до инспекторот за животна средина… тој излегува и ја констатира состојбата на дрвата, инспекторот дојде во присуство на надзорникот и раководителот на паркови и зеленило и со записник беше констатирано дека треба да се заменат со нови садници“, вели Мемет Јонузи, раководител на одделението за општински активности.

Од Листата „Подобро за Тетово“, велат дека на наредната седница сите овие документи и решенија за кои тврдат дека ги комплетирале во општината, ќе побараат да ги видат и да разговараат за нив.

Листа „Подобро за Тетово“:

„Одлуката за сечење дрва не може да ја донесат инспекторот, внатрешниот надзор и претставникот на ЈКП. Истовремено, во проект не може да стои толку лесно информација за менување на зеленилото или ботаниката без претходно мислење на експерт од областа. Исто така вчера нагласивме дека градежните работи треба да продолжат, но не и сечењето на дрвата.“

Од општина Тетово велат дека реконструкцијата на оваа улица ќе заврши во предвидениот рок односно во јуни. Работите почнаа еден месец пред кампањата за локалните избори од страна на поранешната градоначалничка Теута Арифи, но со завршувањето на изборите останаа на половина.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button